• Sat. Nov 23rd, 2024

Османи на Анталија Дипломатски Форум

Османи на средба со Силва

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во наредните два дена ќе учествува на вториот Анталија Дипломатски Форум насловен како “Recoding Diplomacy”, кој се одржува под покровителство на претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Во рамките на Форумот, Османи ќе има обраќање на панелот „Дијалог на помирување на Балканот”, на кој се очекува да се дискутира за безбедносниот аспект и односите меѓу земјите од Западен Балкан, за начинот на справување и изнаоѓање решенија за отворените билатерални прашања, како и за можните последици доколку Европската Унија не ги оправда очекувањата на регионот во однос на нивната европска перспектива.

На Анталија Дипломатскиот Форум, Османи е предвидено да оствари бројни билатерални средби, меѓу кои со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, повеќе колеги, министри за надворешни работи, од кои на Австрија, Александер Шаленбер; Луксемург, Жан Аселборн; Словачка, Иван Корчок; Финска, Пека Хависто; со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит и други.

Овогодинешниот настан ќе се осврне на светските случувања во меѓународните односи, во духот на регионалните и глобалните прашања, особено со фокус на руската агресија врз Украина. На форумот се очекува да учествуваат истакнати гости, како политички лидери, министри, високи функционери, водечки академци, меѓународни организации, креатори на јавното мислење и бизнис претставници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *