Во периодот од 15 до 30 јуни, 2022 година, Државниот завод за статистика ќе спроведе Пробен попис на земјоделството, со цел да се тестираат методолошките и организационите аспекти за спроведување на главниот Попис на земјоделството планиран за 2023 година.
Населеното место Василево е едно од избраните населени места во кои ќе се спроведе Пробниот попис. Од Државниот завод статистика информираат дека методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е организирана во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики бр. 2018/1091 и на тој начин ќе се обезбедува продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди.
Населението и деловните субјекти од с,. Василево кои ќе бидат опфатени со Пробниот попис во периодот од 15-30 јуни, ќе бидат посетени од обучени попишувачи од Државниот завод за статистика со користење на таблети во кои е вградена апликацијата за прибирање на податоци.