Општина Василево денеска асфалтираше улица во населеното место Нова маала во должина од 300 метри . Станува збор за улица во т.н. горно маало што води до селската продавница каде живеат повеќе десетина домакинства. Улицата е во должина од 4 метри и ја изведува градежната компанија Бони интерградба од Штип. Според градоначалникот на Василево – Марјан Јанев улицата е согласно годишната програма за изградба на локални патишта и улици, заснована врз потребите на граѓаните. Впрочем оваа улица била истакната како приоритет од жителите на Нова маала.
Деновиве општина Василево асфалтираше улица и во населеното место Седларци а наскоро се очекува да биде асфалтирана и улица во општинскиот центар во должина од 100 метри. Овие три улици се градат со општински пари во висина од милион и 100 илјади денари . Градоначалникот на Василево Мрјан Јанев вели дека патната инфраструктура останува како приоритет
,,Она што е започнато во текот на оваа градежна сезона, односно улицата во Василево од пошта до повеќенаменското игралиште , улиците во Сушево, Градошорци и Пиперево, но и овие три улици што ги работиме, целосно ќе бидат завршени. За често споменуваната улицата во Нова Маала до џамијата, во тек е подготовка на техничка документација, за некои сме во фаза на аплицирање и чекаме позитивни одговори за средства за реализација, но она што е најбитно е дека не отстапуваме од намерата целосно да ја подобриме инфраструктурата во сите населени места на општина Василево, бидејќи наша единствена цел е подобрување на условите за живот на сите наши сограѓани“, дециден е градоначалникот Јанев.