Општина Валандово со прозивка на нашиот новинар Ване Трајков за неговите текстови објавени за недоделувањето средства од годишните програми на министерството за култура за Фолк фест Валандово како ТВ канал ВИС го оценуваме како притисок и обид за дискредитација. Јавната прозивка со име и презиме на официјална ФБ страна на општина го сметаме за напад врз новинар за да замолчи и да не информира. Имено колегата објави информација дека Фолк Фест Валандово не доби пари од Министерството за култура при што во неговите текстови, се опфатени ставови и од Министерството за култура и градоначалникот на Валандово, Перо Костадинов.
За да биде појасно на јавноста во ставот на Министерството за култура беше потенцирано дека организаторот, општината место во фолклорна дејност аплицирале во музичко сценска при што комисијата одлучила да не и додели средства. Во прилогот што го емитуваше колегата Трајков, побаран е став од градоначалникот Костадинов кој потврдува дека не добиле и дека ќе се жалат на решението но и дека се надеваат на пари од Министерството оти аплицирале за „Валандово- град на културата“ каде е вметнат и Фолк фест Валандово.
Со оглед дека веста е професионално изработена сослушани двете страни како ТВ Канал ВИС реагираме на притисокот за дискредитација на колегата Ване Трајков и ги повикуваме сите новинарски здруженија да реагираат на притисокот и јавната прозивка на нашиот колега.
Во прилог, и извештајот на Ване Трајков за Фолк фест Валандово.