• Mon. Nov 25th, 2024

Општина Струмица почнува со изработка на Локална стратегија за млади

Општина Струмица почнува со подготовка на Локалната стратегија за млади. Денеска потпишаа договор со Центарот за истражување и анализи НОВУС Струмица. Информацијата ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

-Започнуваме со изработка на Локална стратегија за млади на општина Струмица со Акциски план за периодот 2023-2027 година. По Јавниот повик, договор потпишавме со Центарот за истражување и анализи НОВУС од Струмица и заедно ќе ги поттикнуваме младите активно да учествуваат во општинските политики низ афирмација и поддршка на младинските активности, работа, неформалното образование и развивање на претприемничките вештини. Младите се мои партнери и столбот на Општината. Заедно ќе ја градиме сегашноста и планираме иднината на нашата Струмица, вели Костадинов.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *