Општина Ново Село го промени името но и терминологијата на Програмата за родова еднаквост. На денешната редовна седница на советот, изгласаа дека Програмата ќе се вика Еднакви можности меѓу мажите и жените, за како што изјави градоначалникот Ѓорѓе Божинов да нема манипулација со граѓаните.
Божинов вели дека во самата програма е точно дефинирано што се подразбира под поимот маж и жена.
Ново Село е втора општина по Струмица која прави интервенција во термините Родова еднаквост. Струмичкиот совет промената на терминот родова еднаквост со еднакви можности меѓу мажите и жените ја направи во Стратегијата за млади. Овие промени се предизвикани по реакциите на епископот Јаков Стобиски дека Законот за еднакви можности има членови кои се недоразјаснети и отвораат можности за манипулација.
Од Министерството за труд и социјална политика велат дека законот нема да се донесе без јавна расправа во која ќе се вклучени сите засегнати страни.