• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Гевгелија ќе учествува на 43 Меѓународен саем за туризам во Белград

 Општина Гевгелија го зазема своето учество на

43 Меѓународен саем за туризам- SAJAM TURIZMA во Белград. Првиот ден од саемот е отворен само за професионалци во туристичката индустрија, на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање нови.

Секоја година, SAJAM TURIZMA е домаќин на повеќе од 1000 изложувачи од над 50 земји на површина од 30.753 m2, како и над 12.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости. На тридневниот настан, од 24 до 27 март, Општина Гевгелија во рамки на штандот на Агенција за промоција и поддршка на туризмот, преку рекламен материјал ќе ги промовира туристичко-угостителските потенцијали и капацитети, особено, бањскиот, планинскиот и казино-туризмот во општината.


          Според градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, туризмот во општина Гевгелија за време на пандемијата претрпе најголеми штети поради зависноста од меѓуграничниот протек. Затоа, покрај настојувањата за ублажување на последиците од пандемијата, паралелно се размислува за поголема искористеност на компаративните предности на поднебјето. Пред се, преку промоција и создавање на услови за развој на алтернативните форми на туризам, особено, ако се имаат предвид потенцијалите на Кожуф Планина, руралниот и бањскиот туризам. Со заживување на повеќе туристички гранки, секако, ќе се обезбедат и повеќе повратни бенефити кои се од особена важност за локалниот економски развој. Kако и формирањето посебно Одделение за туризмот кое ќе придонесе кон обезбедувањето на поповолни услови во општината за развој на оваа значајна гранка.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *