Општина Гевгелија со средства од сопствениот буџет во износ од 1.300.000 денари ја асфалтираше старата асфалтната подлога и ги изврши сите припремни работи, додека државна видео лотарија донираше средсва за комплетна реконструкција. Ова модерно игралиште доби нова тартан подлога, ново оградување по сите стандарди, поставени се голови за фудбал, како и кош за баскет 3х3.
,,Сакам да изразам голема благодарност до Државна видеолотарија на Македонија за нивната донација од 3 000 000 ден., нивната иницијатива и општествена одговорност. Верувам дека нашата соработка ќе продолжи и понатаму, и дека во иднина ќе размислуваме и за други проекти кои се од значење за Гевгелија.,, кажа градоначалникот на Гевглеија Андон Сарамандов