• Fri. Nov 22nd, 2024

Општина Гевгелија: Богата програма за прослава на Спасовден

По повод чествувањето на заштитникот на Гевгелија, христијанскиот празник Вознесение Христово – Спасовден, Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, под покровителство на Општина Гевгелија, организира богата културна програма.

Тридневната културна програма ќе започне на 1 јуни, 2022 година, со препознатливата манифестација за градот Гевгелија, „Распеана чаршија“, на плоштадот „Сава Михајлов“, со почеток во 20:00 часот. Истиот ден, пред платото на Народниот театар во Гевгелија, со почеток во 21:00 часот, ќе биде отворена Изложба на фотографии и презентација на видео-материјали „Манастирите и црвките во Гевгелиско (Стара Гевгелија).

На 2 јуни, културната програма продолжува со гостувањето на балетскиот ансамбл при НУ Национална опера и балет и изведбата на балетската претстава „Ла, ла, ла“, во режија и кореографија на Саша Евтимова. Балетската претстава ќе се одигра во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:00 часот.

Културната програма завршува со отворање на Изложба на друштвото на ликовни уметници од Гевгелија- ДЛУГ, на 3 јуни, во фоајето на Народниот театар, со почеток во 19:00 часот, како и Концерт на класична музика, во изведба на Маја Чанаќевиќ (англиски рог) и Ана Гацева (пијано).По повод одбележувањето на заштитникот на градот Гевгелија, Општина Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“-

Гевгелија ги покануваат граѓаните од општината да присустуваат на настаните и да уживаат во програмата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *