Општина Гевгелија без ниту еден корона заразен пациент
Во општина Гевгелија повеќе нема ниту еден случај на заразен
од Корона вирус, соопшти д-р Сашо Олумчев, раководител на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија на денешната седница на Советот на Општина Гевгелија. Синоќа, поради одредени административни пречки, пристигна последниот резултат од контролниот тест кој е негативен, така што сите членови на четиричленото заразено семејство се целосно излечени и во Гевгелија повеќе нема заразени од Коронависрусот, нагласи Олумчев и информираше:
– За среќа, од почетокот на пандемијата, првиот случај беше импортиран, заразеното лице веднаш беше ставено во изолација и преостанатите три члена на семејството. Терапија добиваа во домашни услови и за среќа сите четворица беа излечени без поголеми последици. Веднаш по откриениот прв случај беше направена епидемиолошка анкета и утврдено дека се направени контакти со 70 лица кои беа тестирани и ставени во самоизолација. Резултатите од тестираните лица се покажале како негативни.