Општина Босилово размислува да ги врати надлежностите од образованието на министерството.
Според градоначалникот Манчев дури 96 отсто од блок дотациите одат за плати на вработените а со останатите пари не може да се одржува електричната енергија, греењето, превозот. Паралелно училишта имаат акумулирано долгови од приближно 5 милиони денари.