На универзитетот во Штип промовирана софистицирана лабораториска опрема која прецизно ќе ги анализира и утврдува поединечните извори на загадувањето на воздухот.
Станува збор за еден од најсовремените уреди од оваа област во светот за анализа на аеросоли (честичките од воздухот), финансиран од Шведската агенција за меѓународна соработка и развој го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации , во партнерство со Град Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Загадувањето на воздухот е најголемиот поединечен ризик по здравјето во Европа и некои од највисоките концентрации на загадувањето на воздухот се регистрирани овде во Северна Македонија, во Скопје, Битола, Тетово. Со овој проект Шведска придонесува подобро да се анализираат и откријат изворите на загадување со што ќе се развијат и подобри стратегии за спречување на загадувањето базирани врз овие податоци“, изјави амбасадорката на Шведска Кристин Форсгрен Бенгтсон.
Според министерот за животна средина Насер Нуредини, загадувањето на воздухот може да се превенира доколку ги знаеме и работиме на соодветно решавање на изворите на загадување.