• Tue. Nov 26th, 2024

Опаѓа бројот на новозаболени од Ковид-19, имунизацијата се одвива со засилено темпо

By

May 17, 2021

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државата е во благо опаѓање. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 62 случаја, од 2.557 тестирања. Во меѓувреме, продолжува процесот на имунизацијата. Почна вакцинација и на пациентите со дијализа и трансплантација, а надлежните порачуваат дека најлесен начин за вакцинирање е преку пријавување на веб-страницата „www.vakcinacija.mk“.

Термини за вакцинација добија сите граѓани над 40-годишна возраст од Скопје, кои до 30 април изразиле желба за вакцинирање преку веб-страницата на Министерството за здравство.

Како што соопшти вчера министерот за здравство, Венко Филипче следните денови и од останатите градови во земјава, термини за вакцинирање ќе добијат граѓаните над 40-годишна возраст, кои до крајот на април изразиле желба за вакцинирање преку оваа веб-страница.

Почна и вакцинација на пациентите кои се на дијализа, како и пациентите со трансплантација.

-Имунизацијата во државата се одвива со засилено темпо, најлесен начин да се вакцинирате е со пријавување на www.vakcinacija.mk, информираше вчера министерот за здравство, Венко Филипче.
Со 100.000 вакцини од кинески „Синофарм“, кои пред два дена пристигнаа во земјава како донација од кинеската Армија, се очекува имунизација на населението да оди согласно предвидената динамика.

извор:https://novatv.mk/opaga-brojot-na-novozaboleni-od-kovid-19-imunizatsijata-se-odviva-so-zasileno-tempo/

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *