Струмичкото основно училиште „Видое Подгорец“ до одбележа патрониот празник. Со пригодна програма наставниците и учениците му оддадоа почит на големиот писател на македонската книжевност за деца. Патрониот празник на училиштето се одбележува на денот на смртта на писателот Подгорец, 14 април, но годинава свеченоста е порано поради тоа што утре е неработен ден, Велики петок.
Видое Подгорец е родум од подбеласичкото село Колешино. Почнал да учителствува уште како тинејџер со неполни 16 години. Токму работата со децата ќе го определи и неговото книжевно творештво во најголем дел да е наменето токму за нив. Подгорец е неверојатно плоден писател. Во првите години од авторската работа издал триесетина книги,а во текот на неговиот живот објавени се вкупно 108 негови дела. Преведен е на 17 јазици.
Починал по кратко боледување на 14 април 1997 година, на 63 годишна возраст.
Во чест на Подгорец во струмичката библиотека е посавена изложба со неговите дела.