Премиерот Зоран Заев заедно со министерката за образование и наука, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ја предадоа во употреба новата спортска сала во ООУ „Никола Вапцаров“.
Новата сала со површина од 1300 м2 комплетно опремена со спортска опрема и реквизити, санитарни јазли, соблекувални со туш кабини. Претставува современ простор за изведување на наставата по физичко, за правилен развој на децата и за поттикнување на нивните први спортски интереси.