Народниот правобранител изразува загриженост во однос на повторниот прекин на издавање на лични документи (лични карти, патни исправи, возачки дозволи и сл.) од страна на Министерството за внатрешни работи и смета дека ваквиот потег сериозно ќе влијае на остварување на многу други права на граѓаните.
„ Со оглед на тоа што минатата година поради пандемијата и рестриктивните мерки голем број на граѓани не ги обновија личните документи, а дел пак, не можеа да ги продолжат поради затворените граници, Народниот правобранител смета дека надлежното Министерство требаше да предвиди ваква ситуација и следствено да го прилагоди работењето“ соопшти Народниот правобранител.
Тој го смета за несоодветно менувањето на системот, токму во период кога очекувано е да има зголемен прилив на барања за издавање на документи, и како што наведува, претставува повреда на правата на граѓаните.