• Fri. Nov 22nd, 2024

На ГП Табановце откриено комбе од Струмица како врши меѓународен превоз без документи

ByВане Трајков

Aug 26, 2022

На 25.08.2022, од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце била извршена контрола на еден автобус и едно комби кои вршеле меѓународен превоз на патници. При контрола на автобус со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Б.(57 од с.Визбегово, скопско и комби со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(23) од струмичко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *