Животот постојано се менува, и најверојатно, така треба да биде. По синоќешната изложба во Центарот за култура „Антон Панов“, многу нешта во градот ќе имаат сосема поинаква динамика. Прво, затоа што тоа е ретроспективна изложба на децениската фотографска кариера на Сречко Гунчев, кој неформално е „окото“ на градот. Како второ, тој заминува во пензија, па додека друг ја преземе таа некрунисана титула, повеќе од сигурно е дека ќе се чувствува празнина во фотомеморијата на градот.
Сречко е убеден дека дружбата со фотоапаратот нема да згасне, напротив, ќе биде многу поинтензивна сега, кога ќе има време на претек за својата љубов, уметничката фотографија.
Вредно е да се забележи дека Гунчев помина во НУЦК „Антон Панов“ речиси три децении и ги регистрираше сите претстави, концерти, уметнички и други настани што се одржуваа во тој простор.
Неговата синоќешна изложба бешесо наслов „Шарено со шарки“. Уште многу креативни шаренила, Сречко!