Во организација на Српскиот културно информативен центар Спона денеска и утре околу 800 македонски државјани ќе бидат вакцинирани против Ковид19 во здравствениот центар во Врање, соопштија од Спона.
Од таму информираат дека исто како и за претходните групи и за оваа имунизацијата е во координација меѓу центарот Спона, Кабинетот на претседателот на Србија Александар Вучиќ и министерството за здравство на Србија.
Досега околу 15 000 македонски државјани се вакцинираа во Србија. Оние кои примиле прва доза во соседната земја може да примат втора во Македонија, освен, според одлуката на македонските здравствени власти, оние кои примиле АстраЗенека, а се помлади од 60 години.