• Fri. Nov 22nd, 2024

Околу 60.000 евра додели Гевгелија за културата во 2023 година

Околу 60.000 евра додели Гевгелија за културата во 2023 година. Оваа сума им е доделена на 35 правни и физички лица кои ќе реализираат проекти од областа на културата во 2023 година.

Тие добиваат средства од Општинскиот буџет во износ од 2.450.000 денари за реализација на активности и манифестации од областа на културата. Преку Програмата за финансирање на активностите од областа на културата за 2023 година, која Советот на Општина Гевгелија ја усвои на вчерашната 23. седница, покрај одобрената финансиска поддршка за самостојните проекти и други културни манифестации, 150.000 денари се издвоени за одбележување на Патрониот празник на општина Гевгелија, Спасовден и Општинскиот празник, 7 Ноември. Додека, 1.000.000 за други активности кои не се опфатени во Програмата.
           Општина Гевгелија ќе ги поддржи програмските активности на трите Јавни општински установи- Домот на културата „Македонија“- Гевгелија, Библиотеката „Гоце Делчев“- Гевгелија и Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за реализација на проекти и манифестации од различни области на уметноста. Годинава, ќе бидат одржани повеќе литературни манифестации, театарски претстави во сопствена продукција и гостувања на професионални театри, културно-уметнички манифестации и сл. Неизоставени се и традиционалните манифестации: „За тебе љубов моја“, „Смоквијада“, „Гевгелиско културно лето“, „Фолклорен ѓердан“, како и фолклорните концерти на четирите фолклорни ансамбли и културно-уметнички друштва од општина Гевгелија.
            Исто така, преку Програмата за финансирање на проектите и програмите од областа на Гевгелија за 2023 година, финансиска поддршка ќе добијат и физички лица кои со своите активности ќе придонесат за развојот на културата во општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *