Речиси две илјади оброци подели Елеуса Фондација во текот на месец мај. Со помош на хуманите граѓани, бизнис заедницата и угостителските објекти во градот, продолжува да се организира иницијативата топол оброк за сите со делење на храна преку пунктот во храмот „Свети Димитар и Григориј Палама“ во Струмица.
„Пунктот во храмот на св. Димитриј и св. Григориј Палама од октомври минатата година е место од кадешто почнавме уште една од нашите хуманитарни активности, “Топол оброк за сите”.
Активност која тече во континуитет сите овие месеци, а во која учествуваат хумани граѓани, ресторани, хотели, компании и бизнис заедницата. Благодарност до сите Вас, наши помагатели, кои всушност помагате на 61 лице кое се наоѓа во тешка финансиска и егзистенцијална положба. Фондација Елеуса и понатаму ќе продолжи со својата мисија за помош на луѓето на кои им е најпотребна,“ велат од Елеуса Фондација.