• Fri. Nov 22nd, 2024

Околу 1200 семејства во Струмица селектираат пластичен отпад

1200 домаќинства во Струмица изминатите  три месеци се обидуваат да го селектираат пластичниот отпад од останатото ѓубре во домаќинствата. Комуналното претпријатие им подели соодветни садови на дел од струмичките домаќинства и велат дека селекцијата дава резултати.

Во регионот селекција на пластичен отпад има и во Валандово и Гевгелија. Сепак, станува збор за пионирски обиди да се намали неселектираното ѓубре во депониите.

Струмица има посебни контејнери и за електронски отпад. Но, за него, нема многу дисциплина кај граѓаните.

И еколошките организации предупредуваат на опасноста од неселктирање на е-отпадот, особено затоа што депониите стануваат токсични пдорачја на кои истекуваат опасни сустанци и жива кои лесно може да предизвикаат и пожар.