Се проширува канализационата мрежа во Костурино. Две третини од планираната канализациона мрежа во Костурино е завршена. Напредуваат градежните работи во ова населено место, констатира струмичкиот градоначалник Костадинов при денешната посета.
Освен секундарната канализациона мрежа во Костурино, се гради и водовод во Раборци. И двата проекта ги финансира општина Струмица, а изведувач е Комуналец.
Канализацијата во Костурино и водоводот во Раборци заедно чинат околу 120 илјади евра.