• Fri. Nov 22nd, 2024

OK ВМРО ДПМНЕ Струмица доби нов претседател а Марјан Бајрактаров кандидат за градоначалник

ByВане Трајков

Aug 16, 2017

По неколку месечна изборна постапка за челната позиција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица за која неофицијално били поднесени над  10  тина кандидатури , централата од Скопје пресече.

Дипломираниот правник Александар Донев е новиот претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Струмица.  Дека централата го избрала  на ова партиска функција,  за Канал ВИС потврди и самиот Донев. Тој доаѓа на местото на Ванковер Манчев кој замина на функцијата пратеник во Собранието на РМ од последните парламентарни избори

 31 годишниот Донев дозавчера беше раководител на Центарот за јавно здравје во Струмица а извесен период беше и прв човек на  Заводот и Музеј Струмица,

ВМРО ДПМНЕ донела и одлука на следните локални избори за градоначалничката функција да оди со Марјан Бајрактаров за што амин треба да даде и Централниот комитет

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука Марјан Бајрактаров да биде кандидат за градоначалник во Општина Струмица за претстојните локални избори кои ќе се одржат во Октомври.

– ВМРО-ДПМНЕ е во полна кондиција заокружувајќи ги своите подготовки за нова голема победа. Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да ги предложи на Централниот комитет следните кандидати за градоначалници: За Струмица Марјан Бајрактаров, орален хирург,, истакнал генералниот секретар Христијан Мицкоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *