• Fri. Nov 22nd, 2024

Официјално отворена „Магна Мирорс“- нова странска инвестиција во ТИРЗ Струга

 Во Технолошко-индустриската развојна зона во Струга денеска официјално беше отворена канадската компанија „Магна Мирорс“ која произведува автомобилски системи, модули и компоненти кои се испорачуваат на најзначајните производители на автомобили во светот.

Премиерот Димитар Ковачевски, на официјалното отворање, порача дека одлуката да се отвори фабрика во нашата земја што ќе произведува делови и системи кои ќе се испорачуваат на најголемите светски производители на автомобили – се должи на нашето членство во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ, но и позитивната бизнис клима што ја создава државата.

– Да не се отвореше оваа компанија сите млади кои се тука вработени ќе требаше да одат да работат во некоја од земјите во ЕУ и затоа сакам да им се заблагодарам и на Магна и на нејзиниот менаџмент што ја одбраа Северна Македонија за отворање на оваа високотехнолошка компанија, порача Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *