На 05.10.2022, при преземање на мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш во дворното место на М.И.(54) во село Конче, радовишко, пронашле огревни дрва за кои сопственикот не поседувал соодветна документација.
Од вработени во Шумска полиција Радовиш дрвата биле одземени и пренесени во кругот на Јавното претпријатие „Национални шуми“, подружница Плачковица – Радовиш, а по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.