• Fri. Nov 22nd, 2024

Одземен пасошот на Латас

Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерки на претпазливост на новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров, кои се обвинети за ширење расистички и ксенофобичен материјал, откако промовираа насилство врз жени во интервју минатата недела.

На Латас му се определува превентивна мерка заради присуство на обвинетиот и тоа – Привремено одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно Забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал, додека на Лазаров исто така му се определува мерка на претпазливост заради присуство на обвинетиот и тоа – Забрана за преземање определени работни активности поврзани со кривичното дело односно забрана за јавен настап со кој се промовира ширење расистички и ксенофобичен материјал.

На 21 февруари, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против новинарот Драган Павловиќ-Латас и јутуберот Стефан Лазаров, за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик. Двајцата се обвинети дека преку компјутерски систем, ширеле расистичка и ксенофобична репрезентација на идеја која промовира насилство спрема жени, со што предизвикале реакции и чувство на згрозеност и вознемиреност во јавноста.

Од судот денеска соопштија дека е оформен предмет кој согласно АКМИС системот е распредeлен на понатамошно постапување кај судија од одделот Кривично полнолетни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *