Во Струмица одржани републичките средби Цвеќе 2023. Домот за деца и млади „Благој Мучето“ беше домаќин на традиционалната манифестација што секоја година се одржува во Домот на АРМ.
Републички детски ликовни средби, на кои 70 ученици распоредени во екипи од повеќе градови од државата, заедно со нивните ментори цртаа на отворено на хамер со сув пастел на штафелај на тема цвеќе.
Според организаторот, Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, покрај цртањето на отворено е поставена и изложба во фоајето на Домот.
-Во галерискиот простор се изложени 200 ликовни творби, кои пристигнаа по распишаниот конкурс, а најуспешните ќе бидат соодветно наградени, исто како и најуспешните од цртањето на отворено, рече директорката на Домот за деца и млади „Благој Мучето“, Светлана Мазгалоска Вучетиќ.