Советот на општина Струмица даде зелено светло за физибилити студијата з апоставување на фотоволтаични централи од страна на ЈПКД Комуналец една со инталиран капацитет од 406 киловат часови додека другата со инталиран капацитет од 2,2 мегават часови. Паралелно Советот со 12 гласа за донесе одлука за започнување на постапка за креидитрање за реализација на физибилити студии за поставување на фотоволтаични централи во Комуналец.
Опозициската ВМРО ДПМНЕ побара поширока јавна дебата за ова прашање бидејки општината се задолжува а треба да знаат и за што и кои ќе бидат ефектите на подолг период. Маџунков координаторот на советничката на ВМРО ДПМНЕ смета дека овој проект е многу подобро да се реализира преку јавно приватно партнерство оти кредитот би се враќал во период од 8 до 10 години.
Првиот човек на општина Струмица Костадин Костадинов потенцираше дека станува збор за одржлив проект кој на долги патеки ке донесе намалување на трошоците за елекрична енергија. Според него за првите 10 месеци од годинава, од јавните институции на локално ниво и од општината се одлеани дури 130 милиони денари или над 2 милиони евра за потрошена електрична енергија. Доколку се изградат фотоволтаичните централи тие пари ке припаднат на граѓаните за реализација на други проекти кои се во интерес на заедницата.