Денеска во просториите на Министерството за транспорт и врски се оддржа Јавната расправапо Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција.
Целта на оваа јавна расправа беше да се запозне широкатајавностза планираната траса на интерконетивниот гасовод што ќе не поврзе со Република Грција, на која расправаимашепретставници од инвеститорот – Национални Енергетски Ресурси, планерите и проектантите на трасата и преставници од Министерството за транспорт и врски.
Претходно Урбанистичкиот план за изградба на интерконективниот гасовод беше јавнодостапензаувид на широкатајавности јавно презентиран во електронска форма на вебстраните на Министерствотозатранспорт и врски, општинитеНеготино, ДемирКапија, Богданци и Гевгелијаи во хартиена форма во просториите на гореспомнатите институции.
На крајот на овој месец, односно на 28.09.2022 во просториите на Министерството за транспорт и врски ќе се одржи и стручна расправа со јавна презентација на Урбанистичкиот план.
Владата и ресорните министерства остануваат посветени на изградба на гасоводоната мрежа во Република Северна Македонија со цел алтернативно снабдување со гас и економски развој на земјата.