Општина Дојран доби дополнителни 65 милиони денари од Владата за надградба на колекторскиот систем и изградба на нова пречистителна станица. Со тоа Дојран располага со вкупно 135 милиони денари, а потребни ќе им се околу 180 милиони денари за завршување на двата проекта.
Градоначалникот Ангов рече дека парите што недостасуваат ќе се обезбедат од Министерството за локална самоуправа и од донации.
Тендерските постапки за двата проекти треба да започнат на почетокот од 2023 година. Се очекува колекторот да е во функција пред почетокот на туристичката сезона.