• Fri. Nov 22nd, 2024

Одложено првото прскање против комарци во Југоисточниот регион поради неповолните временски услови

-Се одложува првото прскање против возрасни комарци во општините од Југоисточниот плански регион, информираат од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, наведувајќи дека неповолните временски услови не дозволуваат да биде извршен третманот против комарци. Имено, првото прскање против возрасни комарци требаше да се спроведе од денеска, но поради неповолните временски услови, се пролонгира.


Граѓаните ќе бидат дополнително информирани за точниот датум на планираното прскање, како навремено би презеле мерки за заштита, особено, сопствениците на пчелни семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *