Со убедлива победа 3:0 во сетови сениорките на ОК Наковски волеј вечерва ги надиграа ОК Вардар жени на гостински терен.
Натпревар од четвртото коло во кој девојките имаа апсолутна контрола на резултатот, доминација на секое поле и победа во која Наковски волеј го диктираше темпото од почеток до крај.
Од клубот велат дека оваа е уште една од низата победи која води полека но, сигурно до врвот на табелата.