Одбојкарите на Струмица Никоб иако загубија од Динамо Апелдорн во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите, македонскиот одбојкарски првак Струмица Никоб не се простија од Европа. Тие че играат во Купот на ЦЕВ Купот и тоа од квалификациите за шеснаесет финалето од ова второ по ранг европско натпреварување. Противник на избраниците на Кире Ричлиев ќе биде ОК Мурса од Осијек од Хрватска .
Според календарот хрватите ќе бидат домаќини на првиот меч на 19 октомври, додека една недела подоцна треба да се одигра реваншот, најверојатно повторно во Скопје.