Романска Крајова е победник на меѓународниот одбојкарски турнир кој викендов заврши во Струмица по повод 75-годишнината од постоењето на одбојкарскиот спорт во градот. Струмичани славеа над екипите на Будва и Раднички со по 3:2, а загубија од Крајова со максимални 3:0.
Во завршниот ден на турнирот беа доделени постхумни благодарници на фамилиите на поранешни членови на Струмица кои оставија голем белег во постоењето на клубот и развојот на одбојката во Струмица