• Fri. Nov 22nd, 2024

Одбележување на Светскиот ден на штедењето

Фондот за осигурување на депозитии Македонската банкарска асоцијација го одбележуваат Светскиот ден на штедењето, 31 октомври. Овој ден се одбележува низ целиот свет со цел да се промовираат личните заштеди во банките и штедилниците, да се потсетиме на важноста од редовното штедење, креирање на мрежа на заштита на депозитите и да потсетиме дека заштедите му помагаат и му овозможуваат на поединецот да ги постигне своите цели и идеи.

Прославата на Денот на штедењето се фокусира на улогата на стабилизатори во општеството која ја имаат штедењето и банкарството во целокупниот финансиски систем. Стабилноста произлегува од довербата во банките кои се одговорни партнери во општеството, блиски се до клиентите, ги опслужуваат домаќинствата и ги помагаат малите и средни фирми.

Едукацијата и потсетувањето на луѓето за културата на штедење се неопходни особено во услови на глобална економска криза, која за жал ја зголемува невработеноста и сиромаштијата ширум светот.

Денес, и покрај силните надворешни негативни влијанија врз економијата во Македонија, банкарскиот сектор во Република Северна Македонија може да се оцени како стабилен, цврст, отпорен на глобалната криза предизвикана од воениот конфликт кој сè уште трае и се разгорува во Украина, а на кој му претходеше долга и сурова борба со пандемијата предизвикана од заразната болест COVID-19.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *