• Sat. Nov 23rd, 2024

Одбележан Денот на згрижувачките семејства

Во малиот градски парк во Струмица се одбележа Денот на згрижувачките семејства. На настанот присуствуваа и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчовска. Министерката рече дека на територија на државата има 360 згрижувачки семејства во кои се згрижени 608 деца.

– Знам дека можеме да мобилизираме уште повеќе згрижувачки семејства за да обезбедиме топол дом за што повеќе деца без родителска грижа. По големиот успех на кампањата што ја спроведе Министерството за труд и социјална политика заедно со УНИЦЕФ во 2018 година и досегот на еден милион луѓе, денеска со задоволство ја најавувам новата комуникациска кампања за згрижувачки семејства, со фокус на итни и специјализирани згрижувачки семејства кои можат да обезбедат специјализирана грижа за деца под специфичен ризик. Ќе се стремиме оваа кампања да биде уште поуспешна од претходната, рече министерката Тренчевска.