Од жена за жена, рурална мартовска кампања
Дури 84 отсто од жените во руралните средини велат дека КОВИД пандемијата имала негативен ефект врз нивниот живот и врз економската сигурност на семејното земјоделско стопанство, а 92 процента не користеле поддршка за надминување на последиците од кризата, покажува последното истражување на Рурална коалиција спроведено во периодот јануари – март 2021 година.