• Mon. Nov 25th, 2024

Од утре можно замрзнување на цената на јајцата

Од понеделник се замрзнува и цената на јајцата, велат извори за Телма. Најверојатно  претходно нема да има поевтинување како што тоа се направи со тестенините, млекото и  млечните производи, туку ќе се замрзне  цената по која јајцата во моментов  се продаваат.  Производителите  кои ги контактираше Телма велат дека за нив е прифатливо  да се ограничи  сегашната сума  и пред  Велигден да не може да има поскапувања,  а секој кој смета  дека може нека ја намали и  дополнително. Дали ќе се прават корекции и кај цените на шеќерот и оризот  е  незивесно.  Надлежните се уште ги разгледуваат анализите.

Пазарните инспекторите и за време на викенд во контрола. Нивните анализи покажуваат дека најдисциплинирани за сега се  трговците во Скопје.  Во главниот град  деновиве не се утврдени  неправилнсоти. Најнепослушни биле во Охрид. Од вкупно четири економски субјекти кои ја  прекршиле одлуката,  два се од таму,  и по еден во Кичево и Битола. Тие продавеле поскап леб и млечни производи.  Тие вкупно ќе треба да платат над 18.200 евра. Од пазарен ветуваат дека од понеделник нивните  имиња ќе  бидат и јавно објавени.