Oд утре исплата на пензиите. Постапката ќе биде етапна а се однесува на февруарските пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно. Целта е да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи. Распоредувањето е поред висината на пензијата:
-За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 25.02.2021 година (четврток);
-Пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 26.02.2021 година (петок);
-Со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.03.2021 година (понеделник); и
-За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.03.2021 година (вторник).
Од утре исплата на пензиите за пензионерите. Но, тие што користат платежна картичка, со парите можат да располагаат од 25 февруари (четврток). Се разбира, картичката треба да е поврзана со сметката на којашто пристигнува пензијата. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат. Пензионерите можат да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот. Со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Да не се создава метеж пред банките
Министерството за труд и социјална политика укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците. Пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми.
Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати. Затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
Задолжително е носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата. Исто како и држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Ваква пракса има изминатите месеци, поради корона-кризата.
извор: Макфакс