• Mon. Nov 25th, 2024

Од старите табли и закачалки направија забавни паноа за учениците

Понекогаш не треба многу средства за да се направат магични нешта. Доволно е грст добра волја и неколку ентузијасти навидум обичните предмети да стекнат нова употребна вредност. Тоа денес на дело ни го покажа основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Радовиш. Вредните вработени заедно со учениците од старите и неупотребливи училишни табли и закачалки направија забавни паноа каде децата ќе можат да ја искажуваат својата креативност.

Да цртаат, да пишуваат, да закачуваат пораки и позитивни мисли, идеите се безброј. И тоа не беше единствената активност на ова училиште. Направија леа, засадија цвеќе, ги собраа исушените гранки и ситните отпадоци. Во училиштето имаше одлична енергија, што се гледа и од фотографиите.