Уписот на идните првачиња годинава ќе може да се врши и електронски, а родителите ќе треба да поднесуваат уште една нова потврда, а тоа е за извршен очен преглед на децата.
Годинава уписот на првачињата од 1 мај ќе се врши и преку порталот uslugi.gov.mk, каде што родителите/старателите ќе можат да пополнат апликација, да изберат училиште и да ги прикачат потребните скенирани документи. Откако апликацијата ќе биде прифатена, ќе се одреди термин во кој ученикот ќе треба да дојде на разговор со педагогот во училиштето.
Се разбира, останува можноста за пријавување на првачињата за упис и со физичка достава на документи во училиштето.
Од потребните документи, од оваа година родителите ќе треба да приложат и потврда за очен преглед. Родителте веќе реагираат – во услови на пандемија и турканици по државните клиники, најголемиот дел од нив ќе бидат приморани овие потврди да ги вадат од приватните ординации, каде таков преглед чини од 700 до 1.000 денари.
За упис на прваче потребно е извод од матична книга на родените, лична карта од родителот, вакцинален картон и потврда од стоматолог за оралното здравје на детето, а од годинава и потврда за офталмолошки преглед.
Од Министерството за образование објаснуваат дека оваа потврда ќе може да биде донесена во текот на првата учебна година на првачено, а за упис ќе треба само да се донесе потвда за закажан преглед за да се избегнат редиците по државните клиники.