Од понеделник почнува исплата на пензиите за март
Етапната исплата на мартовските пензии почнува од 29 март.
Владата на 57. седница ја усвои Информацијата за исплата на пензии за овој месец и го задолжи Фондот на пензиско и инвалидско осигурување најдоцна до 26 март да ги достави податоците за пензиите до деловните банки.
Банките готовинската исплата на пензии ќе ја организираат во четири групи:
– За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2021 година (понеделник);
– За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2021 година (вторник);
– За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2021 година (среда);
– За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.04.2021 година (четврток).