Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,60 % во однос на минатата недела.
Врз основа на оваа одлука, од полноќ цените на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемија за еден денар за литар, а цената на „евродизелот“ (Д-Е V) се зголемува половина денар за литар.
Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува, односно останува на исто ниво.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува 0,046 денари за килограм и сега ќе изнесува 46,491 денари.
Така, од 15 февруари од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
– „евросупер БС-95“: 82,00 (денара/литар)
– „евросупер БС-98“: 84,00 (денари/литар)
– дизел-гориво „Евродизел БС“ (Д-Е V): 74,00 (денари/литар)
– екстра-лесно масло 1 (ЕЛ-1): 73,00 (денари/литар)
– мазут М-1 НС: 46,491 (денари/килограм)
Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 1,804 % .
„Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00.01 часот на 15.2.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт може да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени“, велат од РКЕ.