• Thu. Nov 21st, 2024

Од почетокот на пандемијата во Македонија се затвориле околу 3.000 компании

Намалување на бројот на активни компании во Македонија се забележува од 2019 година наваму. Имено, како што покажуваат податоците на Државниот завод за статистика до 2019 година имало постојан раст на бројот на активни деловни субјекти, кога бил достигнат врвот или максималниот број на активни деловни субјекти. Веќе од следната или од пандемиската 2020 година имаме постојано намалување на бројот на активни претпријатија. 

Бројките велат дека во 2019 година вкупно во земајва биле регистрирани и работеле 75.914 компании, од кои најголемиот дел биле во Скопскиот регион, каде функцонирале 29.652 компании. 

Веќе во 2020 година бројот на активни деловни субјекти се намалил за 2.853 компании и спаднал на 73.061, и притоа повторно најголем дел од компаниите функцонирале во Скопскиот регион, каде имало 28.548 регистрирани претпријатија. 

Податоците на ДЗС покажуваат дека минатата година имало дополнително намалување на активните компании, кога бројот спаднал за 139 компании или поточно на 72.922 претпријатија. 

Графиката подолу изработена од ДЗС покажува дека до 2019 година имало континуиран пораст на бројот на компании во земајва, но со почетокот на пандемијата нивната бројка добива надолна линија. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *