• Fri. Nov 22nd, 2024

Од јуни на продажба земјоделско државно земјиште

Министерството за земјоделство објави дека работи на новиот закон за продажба државно земјоделско земјиште.

Од јуни годинава треба да почне продажба на државно земјоделско земјиште. Минситерствпото за земјоделство го подготвува новиот закон со кој се отвора можност да стратува овој процес од кој државата планира да инкасира околу 300 милиони евра.

Владата претходно најави законски измени, но поради комплексноста на процесот и процедурите одлучиле да пристапат кон целосно ново законско решение.

За неколку дена предлог законскиот текст ќе биде приокачен на Единствениот национален електронски регистар, каде засега стои само дека со зкаонот ќе се подобри постапката за продажба на државното земјиште.

Според најавите ќе се продава земјиште над 10 хектари, односно еден купец може да купи само една парцела. Право да купат ќе имаат само домашни физички и правни лица, ама во фирмите може да има и странски капитал. Декар земја треба да чини од 250 до 450 евра, а предност при купувањето ќе имаат концесионери. Земјиштето што ќе се купи не може да се пренамени во градежно земјиште. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *