• Fri. Nov 22nd, 2024

Од јули се очекува намалување на цената на електричната енергија

Не се очекува ново зголемување на цената на електричната енергија, туку најверојатно од први јули ќе се намали цената. Министерот за економија Крешник Бектеши вели дека домашното производство дава надеж дека ќе се задржи стабдардот на граѓаните и нема дополнително да се оптоваруваат малите и средните претпријатија.

Во однос на компаниите од прехранбениот сектор, кои добија повластена цена на електричната енергија и кои не ги намалиле цените во согласност со договореното со Владата, како што рече министерот, се прават анализи и доколку се утврди дека нема ефект, можно е да се соочат со губење на оваа поволност.

Министерот потенцира дека би требало до крајот на месецот да имаме конечен извештај од Државниот пазарен инспекторат и во согласност со тоа да се донесат одредени одлуки.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *