• Fri. Nov 22nd, 2024

Од јануари ново поскапување на струјата, пред нас е една од најтешките зими во последните 70 години, вели Ковачевски

Според генералниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, од јануари идната година се очекува ново поскапување на струјата.

„Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување“, изјави Ковачевски за дневникот на телевизија 24.

Во однос на престојната зима, Ковачевски уште еднаш повтори дека рестрикциите не се опција и дека струја ќе има.

„Сите најави и показатели за наредните месеци покажуваат дека пред нас престои една од најтешките зими во последните 70 години. Мораме да бидеме максимално подготвени“, рече Ковачевски.

Минатата недела на прес-конференција првиот човек на ЕСМ информира дека целиот план за производство на електрична енергија за 2022 година е направен со 20 отсто зголемување во однос на минатата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *