Од денеска задолжителен негативен тест за влез во Грција. Утрово стапи во сила новата мерка во Грција, според која, за влез во земјата задолжителен е негативен резултат од ПЦР направен 72 часа пред патувањето или рапид 24 часа пред пристигнувањето.
Мерата важи мерка за патниците кои влегуваат во земјата, меѓу кои и од Македонија, независно од тоа дали се вакцинирани или не или дали прележале Ковид-19.
Одлуката е со траење до 10 јануари 2022 година.