• Sat. Nov 23rd, 2024

 Од денеска стабилизација на времето,состојбата со водостоите се смирува

ByIvana Vangelova

Jun 19, 2023

Нема нови врнежи и се очекува нивото на водата да се намали,состојбата со водостоите на реките во државава полека се смирува.

Македонија изминативе денови се соочи со обилни врнежи од дожд кој предизвикаа зголемување на нивото на вода во реките.

Од УХМР информираат дека времето денеска ќе биде сончево и значително потопло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.